СЕ РАСПАДНА МОТОР НА ЕРБАС А380 НА „ЕР ФРАНС“ СРЕДЕ ЛЕТ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ ПАТНИЦИ

    СЕ РАСПАДНА МОТОР НА ЕРБАС А380 НА „ЕР ФРАНС“ СРЕДЕ ЛЕТ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ ПАТНИЦИПатниците фотографирале додека се распаѓал моторот на авионот, кој во моментот летал над Атлантскиот Океан. (Фото: Твитер)

    Авион на “Ер Франс” кој летал од Париз до Лос Анџелес, принудно слетал во Гус Беј во Канада, откако еден од четирите мотори буквално се распаднал додека авионот летал над Атлантскиот Океан. Пилотот го пренасочил авионот кон Канада, откако дел од моторот се распаднал додека летал на височина од 11.582 метри.

    Еден од патниците по слетувањето рекол дека само е среќен што гази на земја по драмата што се случувала во воздух.
    Авионот од марката Ербас А380 на „Ер Франс“ претрпе огромна штета, а патниците додека се случувала целата драма фотографирале како се распаѓа моторот.

    Тие своите фотографии ги објавија на твитер, а еден од патниците напишал:  „Мислам дека моторот имал подобри денови”.

    По безбедното слетување во Гус Беј во Њуфаундленд, „Ер франс“ на социјалните мрежи објави дека авионот безбедно се спуштил и дека се згрижени патниците и се работи на решение како да стигнат до Лос Анџелес.

    Ербас А380 е најголемиот патнички авион во светот. Има четири мотори, за кои производителите тврдат дека со нив се штедат шест милиони долари годишно за гориво, имаат поголем досег и поголема носивост. Според компанијата авионот е дизајниран со поголема сигурност и помали трошоци за оддржување.

    Авионот, кој е еден од десетте A380 во флотата на авиокомпанијата, превезуваше 496 патници и 24 членови на екипажот. .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира