СЕ ЗАТВОРА АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКАТА ГРАНИЦА

    СЕ ЗАТВОРА АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКАТА ГРАНИЦАОдлуката нема да ја погоди трговијата помеѓу двете земји (Фото: АП)

    Претседателот на САД Доналд Трамп и премиерот на Канада Џастин Трудо договорија затворање на американско-канадската граница за сите несуштински патувања со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

    Трговијата и превозот на стоки нема да бидат погодени од оваа одлука.

    „Со заемен договор, привремено ќе ја затвориме нашата северна граница со Канада“, напиша Трамп на Твитер.

    Трудо во понеделникот најави дека во земјата ќе биде забранет влез на сите странци, со исклучок на Американци, но и тие прво ќе мора да одат во 14-дневна изолација.

    Коронавирусот се појави во сите 50 американски сојузни држави и досега има речиси 6.500 заразени и 114 починати. Бројките за Канада се 600 случаи и осум мртви.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира