СЕВЕРНА КОРЕЈА ГО ПРОМЕНИ УСТАВОТ И ПРВПАТ ЈА ОЗНАЧИ ЈУЖНА КОРЕЈА КАКО НЕПРИЈАТЕЛСКА ДРЖАВА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ГО ПРОМЕНИ УСТАВОТ И ПРВПАТ ЈА ОЗНАЧИ ЈУЖНА КОРЕЈА КАКО НЕПРИЈАТЕЛСКА ДРЖАВАКим Џонг Ун кажа дека веќе не се залага за обединување на полуостровот (Фото: КЦНА)

    Уставот на Северна Кореја отсега ја дефинира Јужна Кореја како непријателска држава, објавија државните медиуми. Весникот „Родонг синмун“ извести дека промената била неизбежна и легитимна мерка во време кога тензиите помеѓу двете Кореи се на највисоко ниво во изминатите години.

    Оваа недела, Северна Кореја ги разнесе сите патишта и пруги кои водат кон Јужна Кореја, што државните медиуми го опишаа како чекор кон целосното раздвојување на двете земји. Во јануари оваа година, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун кажа дека веќе не се залага за обединување на полуостровот зашто тоа е невозможно.

    Ова е сега однос помеѓу две непријателски и воинствени држави“, кажа тогаш Ким и најави промена на уставот, во кој Јужна Кореја би се означила како главен непријател.

    Терминот ‘непријателски држави‘ се користи во севернокорејската комуникација веќе една година. Тоа е значаен развој кој го зголемува ризикот од конфронтација и ескалација“, вели аналитичарот Брус Бенет.

    Сепак, експертите сметаат дека е малку веројатно дека Ким би наредил големи напади врз Јужна Кореја зашто тоа би резултирало со далеку помоќен одговор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира