СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ХАКЕРИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ЈА УКРАДАТ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“, ВЕЛИ ЈУЖНА КОРЕЈА

    СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ХАКЕРИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ЈА УКРАДАТ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“, ВЕЛИ ЈУЖНА КОРЕЈАНе е познато кога се случил нападот и дали бил успешен (Фото: Ројтерс)

    Северна Кореја се обидела да ја украде технологијата за развој на вакцина против ковид-19 така што извршила хакерски упад во „Фајзер“, соопшти Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја. Новинската агенција „Јонхап“ не кажа кога се случил нападот и дали бил успешен.

    Минатата година, севернокорејски хакери се обиделе да упаднат во најмалку девет здравствени компании и организации, вклучувајќи ги „Џонсон енд Џонсон“, „Новавакс“ и „АстраЗенека“. Јужнокорејските разузнавачи исто така спречиле севернокорејски обид за хакирање на јужнокорејски компании кои развиваат вакцини против ковид-19.

    Дигиталната шпионажа на фармацевтски компании, здравствени организации и научници се засили за време на пандемијата на ковид-19, додека хакери поддржани од владите се обидуваат да дојдат до најнови информации и истражувања поврзани со вирусот.

    Северна Кореја очекува да добие два милиона дози од вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“ до крајот на првата половина од годината преку Ковакс иницијативата. Во земјата досега официјално не е потврден ниеден случај на коронавирус.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира