ШЕФОТ НА ИРСКИОТ ТУРИЗАМ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТИ ОТИШОЛ НА ОДМОР ВО ИТАЛИЈА

    ШЕФОТ НА ИРСКИОТ ТУРИЗАМ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТИ ОТИШОЛ НА ОДМОР ВО ИТАЛИЈАМајкл Каули не ја испочитувал владината препорака да се избегнуваат несуштински патувања во странство (Фото: ЦПА)

    Првиот човек на ирскиот туризам Мајкл Каули поднесе оставка откако отишол на одмор во Италија, спротивно на владините препораки да се избегнуваат сите несуштински патувања во странство.

    Опозициските партии побараа смена на бившиот директор во авиокомпанијата „Рајанер“ откако тој потврди за локалните медиуми дека бил на одмор во Италија. Каули е првиот висок ирски функционер кој поднесе оставка поради непочитување на препораките за заштита од коронавирусот.

    Италија е една од десетте држави на зелената листа на Ирска, што значи дека оние кои оттаму се враќаат не мора да одат во задолжителен 14-дневен карантин. Сепак, во Ирска и натаму на сила се препораките од февруари, според кои треба да се избегнуваат несуштински патувања во странство и се охрабрува домашниот туризам. Агенцијата со која раководеше Каули дури добила дополнителни средства за промоција на домашниот туризам.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира