СЕДУМ ЖРТВИ ВО ДВАТА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО ЛОНДОН

    СЕДУМ ЖРТВИ ВО ДВАТА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО ЛОНДОНПрво, на Лондон бриџ околу 22.15 часот комбе удри во пешаци, а потоа три лица излегле од возилото и почнале со ножеви да напаѓаат граѓани во Боро маркет кој е во близината (Фото: АП)

    Седум луѓе се убиени, а најмалку 48 повредени во терористичкиот инцидент во Лондон, при што полицијата ги уби тројцата напаѓачи. Прво, на Лондон бриџ околу 22.15 часот комбе удри во пешаци, а потоа три лица излегле од возилото и почнале со ножеви да напаѓаат граѓани во Боро маркет кој е во близината. Полицијата рече дека тројцата носеле лажни појаси за бомби.

    (Фото: АП)

    Еден од повредените е полицаец кој бил прободен кога помагал, но тој е вон животна опасност. Полицијата ги убила напаѓачите по осум минути откако го добила првиот повик.

    Конзервативната партија ја суспендира кампањата за престојните парламентарни избори, а премиерката Тереза Меј денеска ќе има состанок со специјалните сили. Меј нападите ги нарече „ужасни“, а лидерот на лабуристите Џереми Корбин рече дека се „брутални и шокантни“.  Градоначалникот на Лондон Садик Кан рече дека ова беше „намерен и кукавички напад на невини лондончани“, но градот останува „најбезбедниот глобален град“ и лондончани нема да се исплашат од тероризмот.

    Фото: (АП)

    Над 80 лекари излегле на помош на повредените, меѓу кои има и во критична состојба. Полицијата верува дека убиените тројца напаѓачи се единствените кои учествувале во нападот.

    Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но симпатизерите на Исламска држава ги поздравија на социјалните мрежи.

    Ова е трет терористички напад во Велика Британија за три месеци, по нападот со кола и нож во Вестминстер во март во кој загинаа петмина, и бомбата во Манчестер пред помалку од две недели во кој загинаа 22 млади луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира