ШОЛЦ ТЕСНО ЈА ПОБЕДИ КРАЈНАТА ДЕСНИЦА НА РЕГИОНАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРАНДЕНБУРГ И ИЗБЕГНА ПОНИЖУВАЊЕ

    ШОЛЦ ТЕСНО ЈА ПОБЕДИ КРАЈНАТА ДЕСНИЦА НА РЕГИОНАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРАНДЕНБУРГ И ИЗБЕГНА ПОНИЖУВАЊЕДоколку изгубеше вчера, значително би се намалиле шансите за вториот канцеларски мандат на Шолц (Фото: АП)

    Германскиот канцелар Олаф Шолц избегна понижување откако излезните анкети покажаа дека неговата партија успеала да ја победи крајната десница на покраинските избори во Бранденбург. Социјалдемократската партија (СПД) на Шолц победила на изборите со разлика од само 1-2%.

    Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) имаше шанси да победи во сојузната покраина во која што СПД владее од обединувањето на Германија во 1990. Сепак, по завршувањето на гласањето, излезните анкети покажаа дека СПД освоила 31-32% гласови, а АфД околу 30%.

    Овие избори се следеа со голем интерес откако АфД неодамна победи на покраинските избори во Тирингија, што беше првата изборна победа на крајната десница во Германија од Втората светска војна. Партијата истиот ден заврши на второто место во Саксонија.

    Доколку изгубеше вчера, значително би се намалиле шансите за вториот канцеларски мандат на Шолц, кој живее во Потсдам, главниот град на Бранденбург. На крајот, тој доби поддршка од околу два милиона гласачи во оваа покраина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира