Шпански судија и официјално издаде меѓународен налог за апсење на разрешениот претседател на Каталонија, Карлес Пуигдемонт, кој моментално престојува во Брисел, кадешто избега со четворица свои соработници.
Ова уследи само еден ден откако судот го прифати барањето на јавниот обвинител и одреди притвор за осуммина други каталонски лидери за нивното учество во организирањето на нелегалниот референдум за отцепување од Шпанија на 1 октомври. Тие се обвинети за побуна, повикување на сецесија и за злоупотреба на јавни средства.
Белгискиот адвокат на Пуигдемонт претходно изјави дека тој ќе се бори против екстрадицијата во Шпанија, без да бара политички азил.
Пуигдемонт вчера требаше да се појави на суд во Мадрид, но порача дека ќе се врати дома само доколку се обезбедат гаранции за фер судење.