ШПАНИЈА ОД ЈУЛИ ЌЕ ПРИМА СТРАНСКИ ТУРИСТИ, ФУДБАЛОТ ПРОДОЛЖУВА НА 8 ЈУНИ

    ШПАНИЈА ОД ЈУЛИ ЌЕ ПРИМА СТРАНСКИ ТУРИСТИ, ФУДБАЛОТ ПРОДОЛЖУВА НА 8 ЈУНИШпанија овој месец им дозволи на луѓето да одат на плажа (Фото: Ел Паис)

    Шпанија ќе се отвори за странските туристи во јули, објави премиерот Педро Санчес, ветувајќи дека владата ќе ја гарантира безбедноста на посетителите, додека земјата излегува од еден од најстрогите карантини во Европа.

    „Шпанија прима 80 милиони посетители годишно. Објавувам дека од јули Шпанија повторно ќе биде отворена за странските туристи. Тие можат да планираат одмор во нашата земја. На Шпанија ѝ е потребен туризам и им гарантираме на туристите дека нема да бидат изложени на никакви ризици. Шпанија ве очекува од јули“, кажа Санчес.

    Тој исто така објави дека на 8 јуни продолжува шпанското фудбалско првенство, при што натпреварите ќе се играат пред празни трибини. Шпанскиот фудбал е во прекин од 12 март и уште треба да се одиграат 11 кола.

    Шпанија од вторник ќе биде во десетдневен период на национална жалост за жртвите на коронавирусот. Во земјата досега има 28.628 починати од КОВИД-19.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари