ШПАНСКАТА ВЛАДА ГИ ПОМИЛУВА КАТАЛОНСКИТЕ ЛИДЕРИ КОИ ОРГАНИЗИРАА РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕЗАВИСНОСТ

    ШПАНСКАТА ВЛАДА ГИ ПОМИЛУВА КАТАЛОНСКИТЕ ЛИДЕРИ КОИ ОРГАНИЗИРАА РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕЗАВИСНОСТДеветмина сепаратисти во 2019 беа осудени на затворски казни од девет до 13 години (Фото: АФП)

    Шпанската влада ги помилува деветтемина лидери на каталонските сепаратисти кои беа затворени за нивната улога во неуспешниот референдум за независност на регионот, одржан во 2017 година.

    Во 2019, тие беа осудени на затворски казни од девет до 13 години за бунт и злоупотреба на јавни средства, поврзано со организирањето на референдумот што Мадрид претходно го прогласи за неуставен. Тој беше проследен и со краткотрајна декларација за независност. Дел од каталонските лидери, вклучувајќи го тогашниот претседател Карлес Пуџдемонт, го избегнаа апсењето така што избегаа во странство.

    Иако мнозинството Шпанци се противеа на помилувањето, премиерот Педро Санчес го опиша како гест на добра волја и прв чекор кон решавањето на политичкиот конфликт со богатиот регион, чија влада во меѓувреме ги обнови барањата за нов референдум.

    „Време е да свртиме нов лист“, изјави Санчес.

    Опозициските партии најавија дека по судски пат ќе се обидат да ги поништат помилувањата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира