ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ КАЈ ЧЕРНОБИЛ ГО ЗГОЛЕМИЛЕ НИВОТО НА РАДИЈАЦИЈА ВО РЕГИОНОТ

    ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ КАЈ ЧЕРНОБИЛ ГО ЗГОЛЕМИЛЕ НИВОТО НА РАДИЈАЦИЈА ВО РЕГИОНОТДва пожара избувнаа викендов во зоната која беше запечатена во 1986 (Фото: АП)

    Итните служби на Украина продолжуваат да се борат со шумските пожари во контаминираната област околу нуклеарната централа во Чернобил и властите кажаа дека нивото на радијација е значително над нормалните вредности.

    Два пожара избувнаа во саботата во зоната која беше запечатена во 1986 година по експлозијата во централата.

    „Имаме лоши вести – радијацијата во центарот на пожарот е 16 пати над нормалното ниво“, изјави Егор Фирсов, шефот на Државниот инспекторат за животна средина.

    Пожарникарите кажаа дека еден пожар е ставен под контрола, но поголемиот, кој зафатил површина од 20 хектари, и натаму е активен. Тие користат авиони во гаснењето.

    Нивото на радијација во 100 километри оддалечениот Киев останува во рамките на нормалното.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира