ШВЕДСКА И ФИНСКА ЗАЕДНО ВО МАЈ ЌЕ ПОБАРААТ ПРИЕМ ВО НАТО

    ШВЕДСКА И ФИНСКА ЗАЕДНО ВО МАЈ ЌЕ ПОБАРААТ ПРИЕМ ВО НАТОПремиерките на Шведска и Финска, Магдалена Андерсон и Сана Марин, овој месец веќе се сретнаа за да дискутираат за НАТО (Фото: EPA)

    Финска и Шведска планираат во исто време во мај да објават дека сакаат да се придружат на НАТО, пишуваат локалните медиуми. Двете скандинавски држави досега практикуваа воена неутралност, но руската инвазија на Украина го промени мислењето на тамошните влади и ја зголеми поддршката на јавноста за членството во НАТО.

    Финскиот весник „Илталехти“ вели дека лидерите на Шведска и Финска планираат да се сретнат на 16 мај, кога ќе објават дека ќе аплицираат за членство во НАТО.

    „Финска е подготвена да се придружи на НАТО доколку и шведската влада донесе таква одлука“, изјави финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто.

    Цитирајќи извори запознати со ситуацијата, и шведскиот весник „Афтонбладет“ пишува дека дека двете земји истовремено таа недела ќе излезат со барањето за членство во НАТО.

    „Руската инвазија на Украина го промени целиот безбедносен пејзаж во Европа и драматично го обликуваше размислувањето во Скандинавија“, заклучија неодамна шведската и финската премиерка Магдалена Андерсон и Сана Марин.

    Кремљ се закани дека ќе го зголеми своето воено присуство на Балтикот ако Шведска и Финска влезат во НАТО, вклучувајќи распоредување нуклеарно оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира