ШВЕДСКА СЕ ОТКАЖА ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА СИЛУВАЊЕ ПРОТИВ АСАНЖ

    ШВЕДСКА СЕ ОТКАЖА ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА СИЛУВАЊЕ ПРОТИВ АСАНЖЏулијан Асанж моментално се наоѓа во затвор во Лондон (Фото: Ројтерс)

    Шведските обвинители се откажаа од истрагата за наводно силување против коосновачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

    Тој седум години ја избегнуваше екстрадицијата во Шведска, така што доби засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012. Четириесет и осумгодишниот Асанж беше избркан од амбасадата во април и потоа беше осуден на 50 недели затвор за прекршување на условите за кауција.

    Заменичката на јавниот обвинител Ева-Мари Персон денеска одлучи да ја прекине истрагата против Асанж. Причината за тоа е што веќе нема јасни докази кои би го поддржале обвинението, имајќи предвид колку време помина од наводниот настан“, соопшти обвинителството.

    Асанж, кој се наоѓа во затвор во Лондон, сѐ уште се соочува со екстрадиција во САД, кои го бараат за објавување доверливи воено-безбедносни документи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира