СИДНЕЈ ГО ПРОДОЛЖИ КАРАНТИНОТ ДО КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ И ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ДВА МИЛИОНА ЖИТЕЛИ

    СИДНЕЈ ГО ПРОДОЛЖИ КАРАНТИНОТ ДО КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ И ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ДВА МИЛИОНА ЖИТЕЛИАвстралија вчера ја имаше најголемата дневна бројка заразени од почетокот на пандемијата (Фото: ЕПА)

    Карантинот во најголемиот австралиски град Сиднеј е продолжен до крајот на септември, додека властите се мачат да го скротат ширењето на делта сојот. Наредбата за петте милиони жители да седат дома беше воведена на крајот на јуни.

    Бројот на заразени се удвои во текот на оваа недела. Денеска се потврдени 642 нови случаи на коронавирус, откако вчера имаше 681. Австралија вчера ја имаше најголемата дневна бројка заразени од почетокот на пандемијата.

    Од понеделник, во најтешко погодените предградија на сила ќе биде и полициски час од 21 до пет часот и оваа мерка ќе опфати два милиона луѓе.

    „Се извинувам на големото мнозинство луѓе во овие заедници кои ја прават вистинската работа, но во интерес на нашите здравје и безбедност, мора да носиме вакви тешки одлуки“, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан.

    И остатокот од Нов Јужен Велс е во карантин, но надвор од Сиднеј, мерките ќе бидат олеснети на 28 август.

    Моментално, повеќе од половина од 25 милиони жители на Австралија живеат во карантин. Големо ширење на делта сојот има и во Канбера и Мелбурн, но ситуацијата во Сиднеј е најзагрижувачка. Откако почна ширењето на делта сојот, починаа 65 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира