СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТАЈВАН, ДЕСЕТИЦИ ЗАРОБЕНИ ПОД УРНАТИНИТЕ НА ХОТЕЛ

    СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТАЈВАН, ДЕСЕТИЦИ ЗАРОБЕНИ ПОД УРНАТИНИТЕ НА ХОТЕЛЕпицентар на земјотресот бил 21 километар североисточно од пристанишниот град Хуалиен

    Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван и локалните медиуми соопштија дека има урнати згради, како и заробени луѓе под урнатините.

    Епицентар на земјотресот, што се случил десет минути пред полноќ по локално време, бил 21 километар североисточно од пристанишниот град Хуалиен, на длабочина од само еден километар.

    Повикувајќи се на извори од противпожарната единица, владата објави дека еден хотел е тешко оштетен, при што е неизвесна судбината на 30-ина гости. Фотографиите што кружат на социјалните мрежи покажуваат значителни оштетувања и на патишта и високи згради.

    Портпаролот на војската Чен Чунг-чи изјави дека и воен персонал е вклучен во извлекувањето на луѓето од урнатините.

    Ова е последниот во низата земјотреси што ја погоди земјата во последните неколку дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира