СИТЕ 39 ЛУЃЕ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО КАМИОН ВО АНГЛИЈА БИЛЕ ВИЕТНАМЦИ, ОБЈАВИ ПОЛИЦИЈАТА

    СИТЕ 39 ЛУЃЕ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО КАМИОН ВО АНГЛИЈА БИЛЕ ВИЕТНАМЦИ, ОБЈАВИ ПОЛИЦИЈАТАЖртвите беа пронајдени на 23 октомври во контејнер-ладилник во индустриска зона во Есекс (Фото: Гети)

    Сите 39 луѓе кои минатата недела беа пронајдени мртви во камион во Англија биле државјани на Виетнам, објави полицијата.

    Жртвите беа пронајдени во контејнер-ладилник во индустриска зона во Есекс и во прв момент се веруваше дека се Кинези. Полицијата на Есекс сега објави дека е во директен контакт со одреден број фамилии во Виетнам и Велика Британија, како и со владата на Виетнам.

    Неколку виетнамски семејства деновиве изјавија дека стравуваат дека нивни роднини се меѓу починатите.

    Во ладилникот се пронајдени 31 маж и осум жени и причината за нивната смрт и натаму се утврдува.

    „Во овој момент веруваме дека сите жртви се виетнамски државјани. Засега не сме во можност да идентификуваме никого од нив“, изјави помошничката на шефот на полицијата Констејбл Тим Смит.

    Возачот на камионот и официјално е обвинет за убиство на 39 луѓе, а полицијата трага по уште неколку Северноирци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира