СИТУАЦИЈАТА КАЈ БАХМУТ СЕ ВЛОШУВА, РУСИТЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ОПКОЛАТ ГРАДОТ, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ВОЈСКА

    СИТУАЦИЈАТА КАЈ БАХМУТ СЕ ВЛОШУВА, РУСИТЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ОПКОЛАТ ГРАДОТ, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ВОЈСКАРуските сили веќе шест месеци се обидуваат да го освојат Бахмут (Фото: АФП)

    Воената ситуација околу Бахмут станува многу тешка, призна претседателот Володимир Зеленски, а со него се согласува и водството на украинската војска. Руските сили веќе шест месеци се обидуваат да го освојат овој град во источниот регион Доњецк и постепено напредуваа во изминатите недели.

    Ситуацијата на источниот фронт станува сè потешка и потешка. Непријателот во континуитет уништува сè што може да ги заштити нашите позиции“, изјави Зеленски.

    Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, кажа дека речиси сите патишта кои водат кон Бахмут се во дострелот на руските сили.

    И заповедникот на украинските копнени сили Олександр Сирски кажа дека ситуацијата околу Бахмут е многу тензична.

    И покрај значителни загуби, непријателот упорно напаѓа со најподготвените единици на ‘Вагнер‘, кои се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии и да го опколат градот“, изјави Сирски.

    Угледниот украински воен аналитичар Олег Жданов вели дека јужниот дел на Бахмут е единственото подрачје за кое може да се каже дека е под украинска контрола.

    Во сите други области, ситуацијата е непредвидлива. Невозможно е да се каже каде поминува линијата на фронтот“, вели тој.

    Украинските војници велат дека сега војуваат од калливи ровови откако топлото време го одмрзна тлото. Пролетното затоплување познато како распутица низ историјата често ги расипувало напаѓачките планови на армиите во Украина и западна Русија, претворајќи ги полињата во мочуришта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира