СЛАВНИОТ ИРАНСКИ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ МОРА ДА ОДИ ВО ЗАТВОР НА ШЕСТ ГОДИНИ

    СЛАВНИОТ ИРАНСКИ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ МОРА ДА ОДИ ВО ЗАТВОР НА ШЕСТ ГОДИНИПанахи освои многу награди на меѓународните филмски фестивали

    Наградуваниот ирански режисер Џафар Панахи, кој беше притворен во Техеран минатата недела, ќе оди во затвор на шест години, нареди судот. Иранските медиуми објавија дека Панахи бил задржан откако отишол во затворот „Евин“ за да се распраша за двајца уапсени режисери.

    „Затворањето на Панахи е рамно на киднапирање. Џафар има некакви права како граѓанин. Мора да има соодветен процес. Кога ќе затворите некого кој протестира пред затворот, тоа отвора многу прашања. Тоа е киднапирање“, изјави Тахере Саиди, сопругата на Панахи.

    Филмаџиите Мохамад Расулоф и Мостафа Ал-е Ахмад беа притворени поради објави на социјални мрежи во врска со уривањето на десеткатна зграда во градот Абадан во мај, кога загинаа над 40 луѓе. Тие беа обвинети за „поттикнување нереди и нарушување на психолошката безбедност на општеството“.

    Шеесет и двегодишниот Панахи освои многу награди на меѓународните филмски фестивали, вклучувајќи ја Златната мечка на Берлинале во 2015 за филмот „Такси“. Тој беше уапсен во 2010 откако ги поддржа масовните антивладини протести, при што беше осуден на шест години затвор, но отслужи само два месеца, пред да биде пуштен на условна слобода.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира