СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ЈА ЗАТВОРАМ ГРАНИЦАТА СО МЕКСИКО И НЕМАМ ПРОБЛЕМ СО ТОА, ВЕЛИ ТРАМП

    СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ЈА ЗАТВОРАМ ГРАНИЦАТА СО МЕКСИКО И НЕМАМ ПРОБЛЕМ СО ТОА, ВЕЛИ ТРАМПТрамп побара од Мексико да го запре доаѓањето на мигрантите (Фото: АП)

    Доналд Трамп најави дека следната недела ќе ја затвори границата со Мексико, ако не се намали бројот на мигранти кои сакаат да влезат во САД. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор кажа дека нема да му дозволи на Трамп да го вовлече во конфронтација по ова прашање.

    „Постојат многу големи шанси да ја затворам границата наредната недела. Јас нема да имам никаков проблем со тоа. Многу е лесно да се запрат луѓето да не доаѓаат, но Мексико одлучи да не презема ништо. Затворањето на границата ќе биде добра работа, бидејќи, меѓу другото, ќе се спречи шверц на дрога“, изјави Трамп.

    Лопес Обрадор изјави дека мигрантите не се проблем на Мексико.

    „Поголемиот дел од нив доаѓа од Централна Америка. Мексиканците веќе не бараат работа во САД. Ние немаме намера да влегуваме во конфликт со САД“, изјави мексиканскиот лидер.

    Граничните власти велат дека се преплавени од мигранти кои бегаат од насилствата во Ел Салвадор, Хондурас и Гватемала и се очекува нивната бројка да биде поголема од 100.000, што е најмногу во последните десет години. Се проценува дека со затворањето на границата, економијата ќе претрпи штети од милијарди долари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира