СЛОВЕНИЈА ГО БЕЛЕЖИ НАЈБРЗОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ЕВРОПА, СЕКОЈ ТРЕТ ОД ТЕСТИРАНИТЕ Е ЗАРАЗЕН

    СЛОВЕНИЈА ГО БЕЛЕЖИ НАЈБРЗОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ЕВРОПА, СЕКОЈ ТРЕТ ОД ТЕСТИРАНИТЕ Е ЗАРАЗЕНВо последните седум дена, Словенија имаше дневен просек од 1.067 новозаразени (Фото: Дневник)

    Словенија регистрираше 1.669 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, при што секој трет од тестираните имал позитивен резултат (31,9%).

    Премиерот Јанез Јанша вчера во парламентот посочи дека Словенија во изминатите денови го бележи најбрзото ширење на вирусот во Европа и предупреди дека ако негативните трендови продолжат, ќе биде неопходно да се воведат нови затворања. За повторното ширење на заразата тој ги обвини прениската стапка на вакцинирање и недозволените јавни собири и протести.

    Во последните седум дена, Словенија имаше дневен просек од 1.067 новозаразени, при што бројот на активни случаи порасна на повеќе од 13.000. Моментално се хоспитализирани 421 пациент со ковид-19.

    Според официјалните податоци, 51% од словенечкото население е вакцинирано со две дози.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира