СЛОВЕНИЈА ЌЕ ГО ЗАПРЕ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ОТКАКО БРОЈКАТА ЗАРАЗЕНИ ПОРАСНА НА 219

    СЛОВЕНИЈА ЌЕ ГО ЗАПРЕ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ОТКАКО БРОЈКАТА ЗАРАЗЕНИ ПОРАСНА НА 219Во Словенија утре се затвораат и сите образовни институции (Фото: Дневник)

    Словенија од вечерва на полноќ ќе го забрани јавниот превоз, со цел да го спречи ширењето на коронавирусот.

    Владата им наметна ограничувања и на таксистите, па тие ќе смеат да примаат патници само доколку претходно извршиле дезинфекција на деловите од возилото со кои корисниците би можеле да дојдат во контакт.

    Словенија утре ги затвора градинките, училиштата и факултетите и оваа мерка ќе биде на сила две недели.

    „Се затвораат сите кафулиња, нема веќе дружење. Ќе се погрижиме сите да сфатат дека не смееме да загрозуваме други“, изјави министерот за здравство Томаж Гантар.

    Во Словенија досега има 219 заразени, а вчера беше потврден и прв смртен случај.

    „Блиску сме до сценариото што го гледаме во Италија“, додаде Гантар.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари