СЛОВЕНИЈА ПРВА ВО ЕВРОПА ПРОГЛАСИ КРАЈ НА ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ

    СЛОВЕНИЈА ПРВА ВО ЕВРОПА ПРОГЛАСИ КРАЈ НА ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТВо изминатите 14 дена во Словенија има само 35 нови случаи на зараза (Фото: Ројтерс)

    Словенија стана прва европска држава која прогласи крај на епидемијата на коронавирусот, објави владата на синоќешната телефонска седница. Ова уследи откако Националниот институт за јавно здравје заклучи дека ширењето на коронавирусот е ставено под контрола, при што во изминатите 14 дена биле регистрирани само 35 нови случаи на зараза.

    Словенија прогласи епидемија на 12 март и во меѓувреме имаше 1.464 заразени и 103 починати од КОВИД-19.

    Словенечката влада се изјасни против продолжувањето на повеќето рестриктивни мерки до крајот на јуни. Ноќни клубови, базени и теретани остануваат затворени, а непознато е и кога ќе се отворат поголемите хотели. Државјаните на Европската Унија веќе нема да одат во карантин при влегувањето во Словенија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари