СЛОВЕНИЈА СЕ БОРИ СО НАЈГОЛЕМИТЕ ПОЖАРИ ДОСЕГА, ЖЕНА ЗАГИНА ВО ИТАЛИЈА

    СЛОВЕНИЈА СЕ БОРИ СО НАЈГОЛЕМИТЕ ПОЖАРИ ДОСЕГА, ЖЕНА ЗАГИНА ВО ИТАЛИЈАПожарот во северозападниот регион Крас ноќеска бил ставен под контрола, но се очекуваат силни ветрови (Фото: Дело)

    Словенија се бори со најголемите пожари од осамостојувањето во 1991, во чие гаснење учествуваат повеќе од 1.000 пожарникари, а помагаат и хеликоптери од Австрија, Хрватска и Словачка.

    На пожарите не им се гледа крај“, изјави Сречко Шестан, шефот на цивилната заштита на Словенија.

    Пожарот во северозападниот регион Крас во текот на ноќта бил ставен под контрола, но во прилог на пожарникарите не им одат најавите за силни ветрови попладнево.

    Огнот се прошири во Словенија од соседната Италија, каде што вчера загина една 56-годишна волонтерка, врз која паднало изгорено дрво.

    Опожарена е површина од 2.000 хектари, а дополнителна опасност претставуваат неексплодирани мини останати од Првата светска војна.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира