СО ЕКСПЛОЗИВ УНИШТЕН ОСТАТОКОТ ОД УРНАТАТА ЗГРАДА ВО ФЛОРИДА ДОДЕКА СЕ ТРАГА ПО УШТЕ 121 ЛИЦЕ

    СО ЕКСПЛОЗИВ УНИШТЕН ОСТАТОКОТ ОД УРНАТАТА ЗГРАДА ВО ФЛОРИДА ДОДЕКА СЕ ТРАГА ПО УШТЕ 121 ЛИЦЕЗградата беше уништена поради приближувањето на тропската бура Елса кон Флорида (Фото: АП)

    Преостанатиот дел од 12-катниот станбен комплекс крај Мајами што делумно се урна на 24 јуни беше уништен со контролирана експлозија откако се појавија безбедносни грижи поради приближувањето на тропската бура Елса кон Флорида. Властите дадоа зелено светло за поставување експлозив додека сè уште се трага по 121 лице. Досега се пронајдени 24 тела, вклучувајќи неколку деца.

    Остатокот од нестабилната структура, во која немаше тела, беше уништен за да може потрагата да продолжи безбедно. Градоначалникот на Сурфсајд, Чарлс Барнет, изјави дека постоеше опасност силните ветрови од тропската бура да урнат делови од структурата и со тоа да ги загрозат спасувачите.

    Во меѓувреме, официјални лица испитуваат други згради во областа, за да се утврдат евентуални неправилности.

    Што го предизвика уривањето на 40 години старата кула „Чемплеин“, засега не е познато, но неколку дена подоцна се појавија информации дека инспекција во 2018 година пронашла голема неправилност во оригиналниот дизајн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира