СО ОМИКРОН ЌЕ СЕ ЗАРАЗИ ПОЛОВИНА ОД НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА, ВЕЛИ СЗО

    СО ОМИКРОН ЌЕ СЕ ЗАРАЗИ ПОЛОВИНА ОД НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА, ВЕЛИ СЗОВо првата недела од 2022, во Европа имало над седум милиони нови случаи на коронавирус (Фото: Шатерсток)

    Сојот омикрон е на пат да зарази половина од жителите на Европа, но ковид-19 сè уште не би требало да се третира како ендемско заболување налик на грип, вели Светската здравствената организација. Во првата недела од 2022, во Европа се регистрирани над седум милиони нови случаи на коронавирус, што претставува удвојување за период од две недели.

    „Универзитетот во Вашингтон проценува дека со ова темпо, повеќе од 50% од населението во регионот ќе се зарази со омикрон во следните шест до осум недели“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

    Тој додава дека 50 од 53 држави во Европа и централна Азија имаат потврдено случаи на зараза со омикрон, кој станал доминантниот сој во западна Европа.

    Доказите сугерираат дека омикрон повеќе го напаѓа горниот респираторен тракт отколку белите дробови, со што предизвикува поблаги симптоми од претходните соеви. Сепак, СЗО вели дека ова треба дополнително да се истражи.

    СЗО смета дека сè уште е рано ковид-19 да се третира како ендемско заболување место пандемија.

    „Ендемичност значи стабилна и предвидлива трансмисија, а кај овој вирус сè уште има многу неизвесности. Тој еволуира доста брзо и создава нови предизвици. Можеби ќе стане ендемичен со тек на време, но тешко оваа година“, велат од СЗО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира