СОБОРЕНИОТ ЕГИПЕТСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ МОРСИ ПОЧИНА ВО СУДНИЦА

    СОБОРЕНИОТ ЕГИПЕТСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ МОРСИ ПОЧИНА ВО СУДНИЦАМорси беше во притвор од 2013, а му се судеше за шпионажа (Фото: Гети)

    Поранешниот претседател на Египет Мохамед Морси, кој беше соборен од армијата во 2013 година, почина откако му се слошило во судница, објави државната телевизија.

    Шеесет и седумгодишниот Морси беше соборен од власта по масовните протести во земјата, само една година откако стана првиот демократски избран претседател. Морси, кој беше лидер на сега забранетото исламистичко движење Муслиманско братство, оттогаш беше во притвор, а му се судеше за шпионажа.

    Морси, кој докторирал во САД, беше избран за претседателски кандидат на Муслиманско братство за изборите во 2012, откако неговиот прв фаворит се повлече. Тој однесе тесна победа на изборите, за потоа да биде обвинуван дека им дозволил на исламистите да преземат контрола на политичката сцена. Тоа доведе до масовни протести, кои кулминираа на 3 јули 2013, кога армијата го суспендираше уставот и распиша нови избори.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира