СОЛАРНА БУРА УНИШТИЛА 40 САТЕЛИТИ НА ИЛОН МАСК ДЕН ПО ЛАНСИРАЊЕТО

    СОЛАРНА БУРА УНИШТИЛА 40 САТЕЛИТИ НА ИЛОН МАСК ДЕН ПО ЛАНСИРАЊЕТОСателитите требаше да се придружат на вселенскиот интернет проект „Старлинк“ (Фото: Гети)

    „СпејсЕкс“ објави дека изгубил десетици сателити откако биле погодени од геомагнетна бура ден по лансирањето, поради што изгореле. Вакви соларни бури се предизвикани од моќни експлозии на површината на сонцето, при што се исфрлуваат плазма и магнетни полиња.

    Од компанијата на Илон Маск кажаа дека биле погодени 40 од 49 сателити лансирани минатата недела. Тие требаше да се придружат на вселенскиот проект „Старлинк“. Системот, кој ќе се состои од илјадници сателити, ќе обезбеди интернет и на тешко достапните места на Земјата.

    Последните 49 сателити биле распоредени 210 километри над Земјината површина на 3 февруари, но ден подоцна, планетата била погодена од геомагнетна бура.

    „Се обидовме да ги ставиме сателитите во безбеден режим, но повлекувањето беше толку силно што не успеаја да се вратат во орбитата за да бидат стабилни. Четириесет од нив паднаа во Земјината атмосфера и изгореа“, кажаа од „СпејсЕкс“.

    Џејкоб Гир од Британската вселенска агенција изјави дека не очекува делови од сателитите да паднат на Земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира