СОЛЗАВЕЦ И ШОК БОМБИ, ДЕМОНСТРАЦИИ ПРОТИВ ОБАМА ВО АТИНА И СОЛУН

a:1:{s:9:"td_source";s:18:"Атина,(АП)

    СОЛЗАВЕЦ И ШОК БОМБИ, ДЕМОНСТРАЦИИ ПРОТИВ ОБАМА ВО АТИНА И СОЛУН

    Грчката полиција употреби солзавец и шок бомби да разбие околу 3.000 левоориентирани демонстранти што протестираа против посетата на американскиот претседател Барак Обама, откако тие се обидоа да влезат во просторот што беше забранет за демонстрации.

    Полицијата уапси најмалку четворица и соопшти дека една жена е полесно повредена за време на судирите.

    Левичарските и анархистичките групи кои го организираа протестот имале намера да стасаат до американската амбасада во Атина (Фото:АП)

    Левичарските и анархистичките групи кои го организираа протестот имале намера да стасаат до американската амбасада во Атина (Фото:АП)

    Насилствата почнаа откако млади демонстранти со моторџиски шлемови и гас маски вооружени со дрвени палки и молотови коктели, се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Демонстрантите се повлекоа кон Политехничкиот факултетски комплекс на Атинскиот универзитет, симболично место на студентското востание од 1973 година, во кварт каде што често има улични престрелки со полицијата.

    Левичарските и анархистичките групи кои го организираа протестот имале намера да стасаат до американската амбасада во Атина. Но, властите ги забранија демонстрациите далеку од местата каде што се движи претседателот Обама.

    За време на насилствата Обаме беше на вечера во резиденцијата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

    Околу 5.000 поддржувачи на Комунистичката партија се собраа на друг, мирен протест во центарот на Атина, а околу 1.000 луѓе протестираа и во Солун.

    Лидерот на Комунистичката партија Димитрис Куцумбас ја опиша посетата на Обама како провокација. “Тие (САД) прават воени удари, интервенции и империјалистички војни од Украина до источниот Медитеран, Блискиот Исток, Северна Африка, Азија и Латинска Америка“, им рече тој на поддржувачите.

    Нередите го ставија во незгодна позиција премиерот Алексис Ципрас. Неговата левичарска партија Сириза порано беше клучен учесник во анти-американските и протестите против штедењето наметнато од меѓународните финансиски институции, а сега истите луѓе силно ги осудуваат протестите против американскиот претседател.

    Во Грција помеѓу левичарите има силна анти-американска традиција. Тие се уште не можат да им простат на САД за поддршката на пучистите и воената диктатура од 1967 до 1974 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира