СОПРУГАТА НА БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАР ДОБИ 31 МЕСЕЦ ЗАТВОР ЗOШТО НА МРЕЖАТА ИКС ПОВИКАЛА ДА СЕ ЗАПАЛАТ ХОТЕЛИТЕ НА АЗИЛАНТИТЕ

    СОПРУГАТА НА БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАР ДОБИ 31 МЕСЕЦ ЗАТВОР ЗOШТО НА МРЕЖАТА ИКС ПОВИКАЛА ДА СЕ ЗАПАЛАТ ХОТЕЛИТЕ НА АЗИЛАНТИТЕЛуси Коноли претходно призна дека имала намера да поттикне расна омраза (Фото: Икс)

    Сопругата на британски конзервативен советник е осудена на 31 месец затвор откако повикала да се запалат хотелите во кои што се сместуваат баратели на азил. Луси Коноли (41), чиј сопруг Рејмонд Коноли е член на советот на Вест Нортхемпшир, објави вакви пораки на социјалната мрежа Икс по убиството на три девојчиња во Саутпорт на 5 август.

    Потребни се масовни депортации веднаш. Ако тоа ме прави расист, тогаш нека биде така“, рекла Коноли.

    Заклучувајќи дека објавата на Коноли имала за цел да поттикне сериозно насилство, судијата изјави дека казната за вакви дела треба да казни и одврати.

    Коноли претходно призна дека имала намера да поттикне расна омраза. Таа ќе отслужи 40% од казната во затвор, по што ќе биде пуштена на условна слобода.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира