„СПЕЈСЕКС“ НА ИЛОН МАСК ЌЕ ЈА УНИШТИ МЕЃУНАРОДНАТА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА

    „СПЕЈСЕКС“ НА ИЛОН МАСК ЌЕ ЈА УНИШТИ МЕЃУНАРОДНАТА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦАПрвите елементи на станицата беа лансирани во 1998, а беше комплетирана во 2000 (Фото: НАСА)

    НАСА ја избра компанијата на Илон Маск „СпејсЕкс“ да ја собори Меѓународната вселенска станица (ИСС) на крајот на нејзиниот живот. Таа ќе изгради возило способно да ја насочи 430 тони тешката платформа во Тихиот Океан во почетокот на следната деценија.

    Вредноста на договорот, кој беше објавен денеска, изнесува 843 милиони долари.

    Првите елементи на станицата беа лансирани во 1998, а беше комплетирана во 2000. Таа кружи околу Земјата на секои 90 минути на височина од 400 километри и таму досега биле изведени илјадници научни експерименти.

    Инженерите велат дека станицата е структурно здрава, но треба да се направат планови за нејзино евентуално отстранување. Без асистенција, таа на крајот сама би паднала на Земјата, но тоа претставува значителен ризик за населението.

    САД и Русија го водеа проектот ИСС, додека Европа, Канада и Јапонија имаа споредни улоги. Западните партнери се согласија да продолжат да ја финансираат до 2030, додека Русија најави повлекување во 2028.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира