СПРЕЧЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ ВРЗ МЕРКЕЛ ВО ПРАГА

a:1:{s:9:"td_source";s:35:"Прага,(Дејлимирор)

    СПРЕЧЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ ВРЗ МЕРКЕЛ ВО ПРАГА

    Чешката полиција уапсила вооружен маж кој се обидел да се вклучи во автомобилската придружба на Ангела Меркел за време на нејзината посета на Прага. Британски „Мирор“ пишува дека е можно германската канцеларка да избегнала атентат.

    Полицијата го запрела вооружениот маж, кој возел автомобил марка „мерцедес“. Локалните медиуми наведуваат дека во неговиот автомобил се пронајдени палка, солзавец, цементни блокови и лисици.

    На порталот „Блеск“ објавена е видеоснимка на која се гледа како неколку полицајци разговараат со средовечен маж.

    Портпаролот на полицијата, Јозеф Бокан, изјави дека мажот е осомничен за обид за насилство против државник.

    „Благодарение на професионалната акција на полицајците, животот на Ангела Меркел не беше загрозен“, изјави Бокан.Тој додаде дека инцидентот го истражуваат детективи од Прага.

    Меркел во Прага се сретна со премиерот Бохуслав Соботка. Неделава таа ќе се сретне со 15 лидери на земјите од ЕУ, заради утврдување нова агенда откако Британија изгласа на референдум да излезе од ЕУ.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари