СРАМНО Е ШТО ЈАС И ЗЕМЈАТА МОРАВМЕ ДА ПОМИНЕМЕ НИЗ ОВА, ВЕЛИ ТРАМП ЗА ИСТРАГАТА НА СПЕЦИЈАЛНИОТ ОБВИНИТЕЛ МИЛЕР

    СРАМНО Е ШТО ЈАС И ЗЕМЈАТА МОРАВМЕ ДА ПОМИНЕМЕ НИЗ ОВА, ВЕЛИ ТРАМП ЗА ИСТРАГАТА НА СПЕЦИЈАЛНИОТ ОБВИНИТЕЛ МИЛЕРТрамп смета дека извештајот целосно го ослободува од сите сомнежи (Фото: АП)

    Доналд Трамп вели дека истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер целосно го ослободува од сомнежите дека Русија му помогнала да победи на изборите во 2016 година.

    Кратката верзија на долгоочекуваниот извештај беше објавена вчера и тој не дава заклучок дали Трамп ја попречувал истрагата. Демократите побараа целосно објавување на извештајот, кој во скратена форма од четири страници беше испратен до Конгресот од министерот за правда Вилијам Бар.

    „Немаше никаква тајна соработка со Русија, немаше попречување на правдата. Извештајот значи целосно и тотално ослободување. Срамно е што земјата мораше да помине низ ова. Да бидам искрен, срамно е што вашиот претседател мораше да помине низ ова. Ова почна уште пред да бидам избран и почна незаконски, како лов на вештерки“, изјави Трамп.

    Републиканците го опишаа извештајот како победа и како повторен избор на Трамп за претседател.

    Извештајот поднесен во петокот е кулминација на 22-месечната истрага на Милер, која фрлаше сенка врз мандатот на Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира