СРБИЈА ГО ВРАЌА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС И ЗАБРАНУВА ПОГОЛЕМИ СОБИРИ ПОРАДИ КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

    СРБИЈА ГО ВРАЌА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС И ЗАБРАНУВА ПОГОЛЕМИ СОБИРИ ПОРАДИ КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТВучиќ го опиша денешниот ден како најтежок од почетокот на епидемијата (Фото: Инстаграм)

    Србија воведува нови строги мерки, вклучувајќи и полициски час, откако денеска беше регистрирана најголемата бројка новозаразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата.

    Посочувајќи дека ситуацијата е најалармантна во Белград, претседателот Александар Вучиќ објави дека од утре се забрануваат сите собири со повеќе од пет луѓе, како на отворено, така и во затворено, а од петок до понеделник на сила ќе биде полициски час.

    Во изминатите 24 часа, во Србија се потврдени 299 нови случаи на коронавирус и починаа 13 лица.

    Денеска е најтешкиот ден од почетокот на епидемијата, имаме 13 починати. Моментално повеќе од 120 пациенти се на респиратор. Ситуацијата во Белград е алармантна“, изјави Вучиќ.

    Тој ги повика граѓаните да не бидат себични за да се зачува здравствениот систем, додавајќи дека најтешката фаза се очекува после 1 номеври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира