СРБИЈА ЌЕ КУПИ РУСКИ АВИОНИ ЗА ДА СЕ БРАНИ ОД НАТО

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Србија,(АП)

    СРБИЈА ЌЕ КУПИ РУСКИ АВИОНИ ЗА ДА СЕ БРАНИ ОД НАТО

    Србија соопшти дека ќе купи руски борбени авиони, чекор што најверојатно ќе придонесе за тензиите на Балканот, со оглед на очебијните напори на Москва да го спречи нестабилниот европски регион да влезе во западните институции.

    Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека ќе оди во Москва во текот на неделава, за да го потпише договорот за купување 6 борбени авиони „миг-29“, кои како што рече, се потребни „за да ги заштитиме нашата слобода и суверенитет“.

    Иако формално бара членство во ЕУ, Србија се приближува кон својот традиционален сојузник Русија. Москва лансираше голема пропагандна акција за да ја држи Србија настрана од Западот.

    Регионалните тензии се кренаа пред обидот за пуч на денот на изборите во Црна Гора во октомври, зад кој наводно стојат српски и руски националисти против црногорската прозападна влада и нејзините напори да влезе во НАТО.

    Српските власти велат дека треба да ја зајакнат војската за да ја заштитат земјата од наводна закана од Хрватска, која е членка на НАТО, и е српски традиционален непријател.

    Претходно, Вучиќ рече дека Русија бесплатно ќе ѝ даде на Србија расходувани воени авиони, дека тие ќе стигнат во земјата до март и тука ќе бидат репарирани. Сега, тој вели дека Србија ќе плати за авионите.

    „Ако сакаме да ја спасиме нашата Србија, мора да бидеме силни… и да платиме колку што мора“, изјави Вучиќ. Тој рече и дека ќе прегова и за купување руски воздушен одбранбен систем.

    Минатата недела во Белград, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Москва сака да ѝ помогне на Србија да си ја зајакне одбраната, и дека разговарале за слободен трговски договор со Евроазиската унија, блок на екссоветски земји на чело со Русија.

    Секакво вклучување на Србија во проруски блок сериозно ќе го загрози интегритетот на југоисточна Европа, по крвавите војни на Балканот во 1990-те.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира