СРБИЈА ЌЕ ВОВЕДУВА ЛОТАРИЈА ЗА ДА СЕ СТИМУЛИРА ВАКЦИНАЦИЈАТА

    СРБИЈА ЌЕ ВОВЕДУВА ЛОТАРИЈА ЗА ДА СЕ СТИМУЛИРА ВАКЦИНАЦИЈАТАОд вакцинацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ (Фото: Инстаграм)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека ќе воведат лотарија и повторно ќе даваат пари за да се стимулира вакцинација против ковид-19.

    „Чудни се луѓето, или ние не сме ја завршиле добро работата. Не знам веќе што да направиме, сега ќе воведуваме лотарија и повторно ќе издвојуваме пари, да платиме за луѓето да се вакцинираат“, изјави Вучиќ.

    Вучиќ вели дека бројот на вакцинирани граѓани во Србија не е доволен, а кажа и дека има и министри кои не се вакцинирале.

    „Страшно е неодговорно ако некој не сака да се вакцинира, благо кажано. Да не зборувам колку функционери не се вакцинирани. Утринава му реков на еден министер да се вакцинира. Оправдувања дека некој прележал корона, па не треба да се вакцинира не значат ништо и не се точни“, додаде српскиот претседател.

    Во мај, Србија почна да исплаќа по 3.000 динари, околу 25 евра, на сите вакцинирани.

    Во Србија досега околу 2,8 милиони луѓе примиле барем една доза вакцина против ковид-19, а две дози примиле околу 2,6 милиони, што е 49 отсто од полнолетните граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира