СРБИЈА ОТВОРИ ПОСЕБНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЛЕКАРИ КОИ НЕ ПРЕПОРАЧУВААТ ВАКЦИНИРАЊЕ

    СРБИЈА ОТВОРИ ПОСЕБНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЛЕКАРИ КОИ НЕ ПРЕПОРАЧУВААТ ВАКЦИНИРАЊЕПротив пријавените лекари ќе бидат поднесени кривични пријави (Фото: СДК.МК)

    Српското министерство за здравство стави во функција телефонски број на кој граѓаните ќе можат да ги пријават лекарите кои не препорачуваат вакцинирање без јасна, оправдана и конкретна медицинска причина.

    Сите неправилности пријавени преку овој број ќе бидат процесуирани пред судот на честа на Лекарската комора на Србија, а против наведените лекари ќе бидат поднесени кривични пријави за загрозување на животот и здравјето на граѓаните.

    Министерството уште еднаш упати апел до граѓаните да се вакцинираат зашто тоа е единствениот начин да се стави под контрола епидемијата на коронавирусот.

    Србија беше една од првите земји во регионот и Европа која обезбеди доволно вакцини против ковид-19, но вакцинирањето заглави на 40% имунизирани, а особено голем отпор има кај младите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира