СРБИЈА СЕ СОГЛАСИЛА ДА Ѝ ИСПРАТИ ОРУЖЈЕ НА УКРАИНА, СТОИ ВО ПРОТЕЧЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ПЕНТАГОН

    СРБИЈА СЕ СОГЛАСИЛА ДА Ѝ ИСПРАТИ ОРУЖЈЕ НА УКРАИНА, СТОИ ВО ПРОТЕЧЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ПЕНТАГОНДокументот ги сумира одговорите на европските влади на украинското барање за обезбедување воен тренинг или оружје (Фото: ЕПА)

    Србија, единствената држава во Европа која одби да ѝ воведе санкции на Русија поради инвазијата на Украина, се согласила да ѝ испрати оружје на украинската војска или веќе го направила тоа, стои во протечените доверливи документи на Пентагон.

    Документот во кој се сумирани одговорите на европските влади на украинското барање за обезбедување воен тренинг или оружје е меѓу десетиците доверливи документи кои во изминатите недели се појавија на интернет, што се смета за најсериозното протекување на американски тајни во последните години.

    Табелата содржана во овој документ покажува дека Србија одбила да ги обучува украинските сили, но ветила дека ќе испрати помош во оружје или веќе го направила тоа. Во него исто така се вели дека Србија има политичка волја и воена способност да обезбеди оружје за Украина во иднина. Документот е означен како таен и потекнува од 2 март.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ и украинската амбасада во Белград досега не ги коментираа овие наводи. Пентагон исто така досега не се огласуваше во врска со протечените документи, освен дека се обидува да го идентификува изворот на протекувањето, кое е опишано како сериозен ризик за националната безбедност на САД.

    Србија досега се трудеше да одржи неутралност во однос на војната во Украина и притоа да ги задржи добрите врски и со Русија и со Европската Унија.

    Ако овој документ е точен, тој покажува или дволичност на Вучиќ кон Русија или дека тој се наоѓа под огромен притисок на Вашингтон да испрати оружје во Украина“, вели аналитичарот Јануш Бугајски.

    Табелата на Пентагон е поделена во четири категории и Австрија и Малта се единствените европски држави кои на сите украински барања одговориле негативно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира