Најмалку 96 луѓе загинаа откако 14 вагони на експресниот воз излетаа од шините во индиската северна држава Утар Прадеш, вели полицијата. Несреќата се случила ноќеска околу 3 часот близу градот Канпур.
Спасувачките екипи го сечеа згмечениот челик за да ги извлечат телата и да ги спасат преживеаните. Над 150 луѓе се повредени.
Уште не се знае зошто возот излетал од шините.