СТОЛТЕНБЕРГ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МОЖЕ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА И ДА ПРЕРАСНЕ ВО КОНФЛИКТ МЕЃУ НАТО И РУСИЈА

    СТОЛТЕНБЕРГ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МОЖЕ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА И ДА ПРЕРАСНЕ ВО КОНФЛИКТ МЕЃУ НАТО И РУСИЈАСтолтенберг, кој е поранешен премиер на Норвешка, во интервјуто кажа дека нема сомнеж дека е можна војна меѓу НАТО и Русија, додавајќи дека е многу важно да се избегне конфликт кој што вклучува повеќе земји во Европа. (Фото: СДК.МК)

    Шефот на НАТО е загрижен дека борбите во Украина може да излезат од контрола и да станат војна меѓу НАТО и Русија.

    „Ако тргне на лошо, може да стане ужасно лошо. Ова е ужасна војна Украина. Исто така, ова е војна која што може да стане голема војна меѓу НАТО и Русија. Работиме секојдневно да го избегнеме тоа“, кажа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за норвешката телевизија НРК.

    Столтенберг, кој е поранешен премиер на Норвешка, во интервјуто кажа дека нема сомнеж дека е можна војна меѓу НАТО и Русија, додавајќи дека е многу важно да се избегне конфликт кој што вклучува повеќе земји во Европа.

    Кремљ постојано ги обвинува сојузниците од НАТО дека стануваат страна во конфликтот со тоа што ѝ испраќаат оружје на Украина и ги обучуваат нејзините војници. 

    Претходно, рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Москва размислува за концептот на превентивни напади, за кој што кажа дека е првично воведен од САД.

    „Кога зборуваме за разоружувачки напад, може е добро да се размисли да се прифати идејата развиена од САД, нивните идеи ја осигуруваат нивната безбедност“, изјави Путин.

    Многу пред војната во Украина, Русија се пожали во врска со напорите на САД да развијат т.н. Брз глобален напад, со кој што би удриле по стратешките цели на противникот со прецизни конвенционални оружја каде било во светот во рок од еден час.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира