СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ОСТАНАА БЕЗ ПРИСТАП ДО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ПО УНИШТУВАЊЕТО НА БРАНАТА ВО ХЕРСОН, ЧИИ ПОЛИЊА БИ МОЖЕЛЕ ДА СТАНАТ ПУСТИНА

    СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ОСТАНАА БЕЗ ПРИСТАП ДО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ПО УНИШТУВАЊЕТО НА БРАНАТА ВО ХЕРСОН, ЧИИ ПОЛИЊА БИ МОЖЕЛЕ ДА СТАНАТ ПУСТИНАПоплавени улици во Херсон (Фото: АП)

    Стотици илјади луѓе останаа без нормален пристап до вода за пиење по уништувањето на браната во Нова Каховка, додека министерството за земјоделство предупреди дека некогаш плодните житни полиња на Херсон би можеле да се претворат во пустина.

    „Најмалку 500.000 хектари земјиште остануваат без наводнување, што би можело да ги претвори во пустина. Поради уништувањето на браната, без вода останаа 94% од системите за наводнување во Херсон, 74% во Запорожје и 30% во регионот Днепар“, соопшти министерството за земјоделство на Украина.

    Зеленски ја опиша ситуацијата со браната како „еколошка бомба за масовно уништување“.

    „Последиците од оваа трагедија ќе бидат познати за неколку недели. Откако водата ќе се повлече, ќе стане јасно што останало и што ќе се случува следно“, кажа Зеленски.

    Според британското министерство за одбрана, состојбата со браната веројатно ќе се влоши во следните денови.

    „Браната делумно падна вчера нешто пред три часот по локално време и до пладне беше однесен целиот источен дел. Водата во акумулацијата беше на рекордно високо ниво непосредно пред пробивот, што доведе до излевањето на исклучително големо количество вода“, велат Британците.

    Украинските власти кажаа дека околу 42.000 луѓе во населените места покрај Днепар би можеле да бидат погодени од поплавите, чиј врв се очекува денеска. Проруските власти на Нова Каховка кажаа дека најмалку седум луѓе се водат како исчезнати, а снимки од воздух покажуваат дека соседниот град Олешки е целосно под вода.

    „Врвот на огромното излевање вода од акумулацијата се очекува денеска. Потоа ќе следи период на стабилизација, по што се очекува водата брзо да се повлече за четири-пет дена. Акумулацијата веројатно ќе пресуши“, појасни управителот на украинските хидроцентрали „Укрхидроенерго“.

    Без да изнесат докази, Русија и Украина продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за уништувањето на браната изградена во 1956 година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира