СТОТИЦИ ЛУЃЕ НА УЛИЦИТЕ НА МОСКВА ГО ИСПРАЌААТ НАВАЛНИ, КРЕМЉ СЕ ЗАКАНИ ПРОТИВ НЕОДОБРЕНИ СОБИРИ

    СТОТИЦИ ЛУЃЕ НА УЛИЦИТЕ НА МОСКВА ГО ИСПРАЌААТ НАВАЛНИ, КРЕМЉ СЕ ЗАКАНИ ПРОТИВ НЕОДОБРЕНИ СОБИРИСнимките од Москва покажуваат долги редици од луѓе на улиците (Фото: Гети)

    Стотици луѓе излегоа на улиците на Москва за да му оддадат почит на Алексеј Навални, кој денеска ќе биде погребан, додека Кремљ се закани дека секој недозволен собир ќе значи кршење на законот.

    Ние нема ништо да му кажеме на семејството на Навални. Само ќе потсетиме дека законот мора да се почитува. Секој неодобрен собир ќе биде кршење на законот, а оние кои ќе земат учество во нив ќе одговараат, се разбира во согласност со законот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Погребот на Навални се случува точно две недели по неговата ненадејна смрт во еден од најстрогите руски затвори. Прво ќе се одржи панихида во црква, по што тој ќе биде погребан на гробишта на периферијата на Москва.

    Родителите на Навални доаѓаат во црквата за панихидата (Фото: АП)

    Меѓу оние кои излегоа да го испратат Навални се и странски дипломати, како амбасадорите на Франција, Германија и САД во Русија. Снимките од Москва покажуваат долги редици од луѓе на улиците, што западните медиуми го опишаа како чин на пркос и храброст, имајќи предвид дека стотици беа приведени на спонтаните одбележувања на смртта на Навални пред две недели.

    Засега нема информации дека има апсења, откако тимот на Навални предупреди дека сешто може да се очекува денеска. Во Москва има засилено полициско присуство и се поставени бариери кај црквата и гробиштата каде што ќе се одвиваат погребните церемонии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира