СТОТИЦИ ЗАГИНАТИ ВО СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АВГАНИСТАН

    СТОТИЦИ ЗАГИНАТИ ВО СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АВГАНИСТАНЗемјотресот имал магнитуда од 6,1 степен (Фото: влада на Авганистан)

    Најмалку 255 луѓе загинаа во моќниот земјотрес што ја погоди провинцијата Пактика во Авганистан. Локалните власти кажаа дека бројот на жртвите ќе биде многу поголем, додавајќи дека засега има и над 500 повредени.

    Епицентар на земјотресот бил околу 44 километри од североисточниот град Кост, а тресењето се почувствувало и во Пакистан и Индија, како и 500 километри низ Авганистан, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

    За жал, изминатата ноќ имаше сериозен земјотрес во четири окрузи од провинцијата Пактика, при што стотици луѓе се загинати и повредени, а десетици куќи се уништени. Ги повикуваме сите агенции итно да помогнат за да се спречи натамошна катастрофа“, изјави портпаролот на владата, Билал Карими.

    Земјотресот имал магнитуда од 6,1 степен според Рихтерова скала, според Геолошкиот институт на САД и се случил во раните утрински часови кога многумина спиеле.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира