СУСПЕНЗИЈАТА НА БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Е НЕЗАКОНСКА, ПРЕСУДИ ШКОТСКИ СУД

    СУСПЕНЗИЈАТА НА БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Е НЕЗАКОНСКА, ПРЕСУДИ ШКОТСКИ СУДСудот заклучи дека Џонсон со својот потег сакал да го елиминира парламентот (Фото: ПА)

    Суспензијата на британскиот парламент што ја побара премиерот Борис Џонсон е незаконска, заклучи највисокиот граѓански суд на Шкотска. Панел од тројца судии гласаше во полза на група политичари од разни партии, кои се обидоа на суд да го оспорат потегот на Џонсон.

    Ова, сепак, нема автоматски да влијае на суспензијата на парламентот, која почна вчера во рани утрински часови. Судот во исто време не нареди укинување на суспензијата во пресрет на сослушувањето во Врховниот суд, што треба да почне наредната недела.

    Во изјавата на судот се вели дека судиите биле едногласни во нивното уверување дека одлуката на Џонсон била мотивирана од „неприфатлива цел да го елиминира парламентот“.

    „Судот ќе донесе уредба со која советот на премиерот до кралицата и пророгацијата што уследи ќе се прогласат за незаконски и со тоа немаат ефект“, објави судот.

    Британската влада најави жалба на пресудата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари