СУСПЕНЗИЈАТА НА ТРАМП Е ИСПРАВНА ОДЛУКА, НО ОПАСЕН ПРЕСЕДАН, ВЕЛИ ШЕФОТ НА ТВИТЕР

    СУСПЕНЗИЈАТА НА ТРАМП Е ИСПРАВНА ОДЛУКА, НО ОПАСЕН ПРЕСЕДАН, ВЕЛИ ШЕФОТ НА ТВИТЕРЏек Дорси жали што Твитер не станал платформа каде што се водат здрави разговори (Фото: Гети)

    Шефот на Твитер, Џек Дорси, вели дека трајната суспензија на Доналд Трамп била исправна одлука, но жали поради исклучителните околности кои довеле до тоа. Тој признава дека забраната е дел од неуспех на Твитер, кој не сторил доволно за да биде платформа каде што се водат здрави разговори.

    Дорси вели дека Трамп бил суспендиран откако му било испратено јасно предупредување.

    „Ја донесовме одлуката врз основа на информации за заканите по физичка безбедност на и надвор од Твитер. Свесни сме дека потегот би можел да има последици по отворен и слободен интернет. Ова поставува преседан што би можел да биде опасен“, напиша Дорси на Твитер.

    Иако блокирањето на Трамп беше поздравено од многумина, Ангела Меркел е меѓу оние кои ја критикуваа одлуката.

    „Забраната е проблематична. Не сакаме никој да биде цензуриран“, изјави портпаролот на Меркел.

    Освен Твитер, Трамп беше суспендиран и на Фејсбук, Инстаграм, Твич, Снепчет и Јутјуб.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира