СВЕТОТ ЈА НАДМИНА БРОЈКАТА ОД ЕДЕН МИЛИОН ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19

    СВЕТОТ ЈА НАДМИНА БРОЈКАТА ОД ЕДЕН МИЛИОН ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19Гробови за жртвите на ковид-19 на гробиштата во Џакарта, Индонезија (Фото: Гети)

    Бројот на луѓето кои починаа од ковид-19 надмина еден милион, според универзитетот Џонс Хопкинс, без назнаки дека глобалната стапка на смртност забавува, а ширењето на заразата е повторно во пораст и во земјите кои го имаа под контрола пред неколку месеци.

    Седумцифрената бројка е достигната девет месеци откако кинеските власти првпат забележале кластер на случаи на пневмонија со непознато потекло во градот Вухан. Првиот регистриран смртен случај беше 61-годишен маж, кој почина во локална болница 12 дена подоцна.

    Според последните бројки, ковид-19 досега однесе 1.000.555 животи низ светот, но ова се само проценки и се верува дека трагичниот биланс е далеку поголем. Исто така, сѐ повеќе се верува дека вирусот веќе бил присутен во светот пред да биде идентификуван во Кина, што го потврдуваат некои истражувања во Италија и Франција.

    Повеќе од една петина од смртните случаи отпаѓа на САД, па следуваат Бразил со над 142.000 и Индија со над 95.000 мртви. Индија е земја која моментално има најмногу нови случаи на коронавирус на ден. Во Македонија досега има 729 починати од ковид-19.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира