СВЕТОТ МОРА ДА ГО ЗАПОМНИ ХОЛОКАУСТОТ ЗА ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ – ОДБЕЛЕЖАНИ 75 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА АУШВИЦ

    СВЕТОТ МОРА ДА ГО ЗАПОМНИ ХОЛОКАУСТОТ ЗА ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ – ОДБЕЛЕЖАНИ 75 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА АУШВИЦВо логорот Аушвиц-Биркенау биле убиени 1,1 милион луѓе, најмногу Евреи, во периодот до 1940 до 1945. Другите жртви биле нееврејски Полјаци, Роми и советски заробеници. - Од денешното одбележување на годишнината. (Фото: Гети)

    Над 200 преживеани од Холокаустот, како и делегации од повеќе од 50 земји денеска се собраа во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, во чест на 75-годишнината на ослободувањето на кампот, што се случи на 27 јануари 1945. Во логорот Аушвиц-Биркенау биле убиени 1,1 милион луѓе, најмногу Евреи, во периодот до 1940 до 1945. Другите жртви биле нееврејски Полјаци, Роми и советски заробеници.

    Попладнево, претседателот на Полска Анджеј Дуда, во придружба на лица кои успеале да преживеат во логорот, поставија венци пред т. н. Ѕид на смртта, каде германските нацистички војници ги стрелале луѓето, а потоа поминаа низ славната Порта.

    „Наша должност е да се бориме против антисемитизмот и расизмот одлучно, и бескромисно“, изјави израелскиот претседател Ривен Ривлин. На одбележувањето присуствуваше и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

    „Ние мора да ја градиме иднината на светот, базирана на длабоко разбирање за тоа што се случило во срцето на Европа пред 75 години, за што сѐ уште имаме сведоци. Вистината за Холокаустот не смее да умре. Ние нема да престанеме со нашите напори светот да го запомни ова злосторство. За да не се случи повторно вакво нешто“, рече Дуда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира