СЗО ГО ПРОМЕНИ МИСЛЕЊЕТО И ПРЕПОРАЧА ДА СЕ НОСИ МАСКА НА ЈАВНИ МЕСТА

    СЗО ГО ПРОМЕНИ МИСЛЕЊЕТО И ПРЕПОРАЧА ДА СЕ НОСИ МАСКА НА ЈАВНИ МЕСТАСЗО досега сметаше дека не постојат доволно докази дека и здрави луѓе би требало да носат маска. Минувачи во центарот на Скопје - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Светската здравствена организација го промени своето мислење за заштитните маски и кажа дека тие би требало да се носат во јавност за да се спречи ширењето на коронавирусот. Според СЗО, новите информации покажале дека маските можат да обезбедат одбрана од потенцијално заразни ситни капки.

    Некои земји веќе препорачаа или воведоа задолжително носење маска во јавност.

    СЗО претходно сметаше дека не постојат доволно докази дека и здрави луѓе би требало да носат маска. Таа препорачуваше медицинска заштитна маска да носат само оние кои се болни или се грижат за други болни луѓе.

    „Ги советуваме владите да го поттикнуваат носењето заштитна маска во јавност“, изјави водечкиот експерт за КОВИД-19 во СЗО, Марија фан Керкхове.

    На светско ниво, досега има 6,7 милиони заразени со коронавирус, а починале речиси 400.000 луѓе.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира