СЗО НЕ ПРЕПОРАЧУВА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 СО ДВЕ ВАКЦИНИ ОД РАЗЛИЧНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

    СЗО НЕ ПРЕПОРАЧУВА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 СО ДВЕ ВАКЦИНИ ОД РАЗЛИЧНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИЕMA неделава потврди дека тромбоза може да се смета за многу редок несакан ефект од „АстраЗенека“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Светската здравствена организација (СЗО) не препорачува таканаречена крос-вакцинација против ковид-19, со која се користат две различни вакцини за двете потребни дози, за имунизацијата да биде комплетна. Портпаролката на СЗО Маргарет Харис вели дека сѐ уште не постојат доволно податоци за можните ризици за тоа што ќе се случи ако лицето првата доза ја прими од „АстраЗенека“, а втората од друг производител.

    Во изјавата за ДПА, Харис се задржа на прелиминарната препорака на експертскиот тим на СЗО од февруари. Според таа препорака, засега треба да се користи ист производител за двете дози. Експертите повикаа на понатамошно истражување за да се провери употребата на мешавината од вакцини.

    Во Германија има одреден притисок да се користи овој тип на крос-вакцинација, со оглед на тоа дека лицата под 60 години не смеат да ја примат „АстраЗенека“ поради ризикот од згрутчување на крвта.

    Германскиот министер за здравство Јенс Шпан рече дека 2.2 милиони граѓани под 60 години веќе ја примиле првата доза од „АстраЗенека“. Прашањето е сега како тие ќе бидат заштитени со втората доза.

    „Со недоволно докази за можни ризици, не треба да се користат други вакцини за втората доза“, рече Еуген Бруш, член на Одборот на Германската фондација за грижа на пациентите.

    Германската комисија за вакцини (СТИКО) препорача на лицата под 60 години кои ја примиле првата доза од вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ да не им се дава втората доза од истиот производител. Комисијата предлага втората доза да се прими после 12 недели и тоа со „Фајзер/Бионтек“ или „Модерна“.

    Но, конечна одлука сѐ уште не е донесена.

    И француските власти кажаа дека лицата под 55 години кои ја примиле првата доза од вакцината на „АстраЗенека“ треба да добијат некоја друга вакцина за втора доза. Ова следува откако Европската агенција за лекови неделава потврди дека тромбоза може да се смета за многу редок несакан ефект на вакцината на „АстраЗенека“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира