СЗО ОД БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ ГИ ПРЕКИНА ТЕСТИРАЊАТА НА ХИДРОКСИХЛОРОКИН НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19

    СЗО ОД БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ ГИ ПРЕКИНА ТЕСТИРАЊАТА НА ХИДРОКСИХЛОРОКИН НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19Доналд Трамп е меѓу оние кои го промовираат хидроксихлорокин како третман за КОВИД-19 (Фото: Ројтерс)

    Светската здравствена организација престана да го тестира лекот хидроксихлорокин на пациенти со КОВИД-19 од безбедносни причини, изјави генералниот директор Тедрос Адханом Гебрејесус.

    Доналд Трамп е меѓу оние кои го промовираат хидроксихлорокин како третман за КОВИД-19 и изјави дека го зема како заштита од коронавирусот.

    „Извршната група привремено ги паузираше тестирањата на хидроксихлорокин додека одново не се разгледаат податоците за негова безбедност“, изјави Гебрејесус.

    Тој додаде дека продолжуваат клиничките тестирања на останатите можни третмани за коронавирус. СЗО и претходно препорача овој лек да не се користи во други прилики освен во клинички тестирања.

    „Одлуката да се прекине со тестирањата е донесена исклучиво од претпазливост“, кажа шефот за вонредни ситуации во СЗО, Мајк Рајан.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира