ТАЛИБАНЦИТЕ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ СО АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ДОХА, НО НЕ ПРИФАЌААТ НИВНА ПОМОШ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ИСИС

    ТАЛИБАНЦИТЕ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ СО АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ДОХА, НО НЕ ПРИФАЌААТ НИВНА ПОМОШ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ИСИСИСИС ја презеде одговорноста за вчерашниот бомбашки напад во џамија во Кундуз (Фото: АП)

    Талибанците ја исклучија можноста да соработуваат со САД во борбата против Исламска држава во Авганистан, заземајќи цврст став во пресрет на првите директни разговори со своите довчерашни непријатели.

    Високи претставници на талибанците и на САД ќе се сретнат денеска и утре во Доха, а меѓу темите на разговор ќе бидат екстремистичките групи и натамошната евакуација на странците и Авганистанците од земјата. Вашингтон е дециден дека разговорите во Доха не водат кон признавање на талибанската власт во Авганистан.

    Политичкиот претставник на талибанците, Сухаил Шахин, изјави дека соработката со Вашингтон против сè поактивниот локален огранок на ИСИС не доаѓа предвид. ИСИС ја презеде одговорноста за вчерашниот бомбашки напад во џамија во Кундуз, кога загинаа 46 луѓе и го идентификуваше напаѓачот како ујгурски муслиман.

    „Способни сме сами да се справиме со ИСИС“, кажа Шахин.

    ИСИС често ги напаѓаше малцинските шиитски муслимани во Авганистан откако се појави во 2014 година.

    Мајкл Кугелман, заменик директор во центарот „Вилсон“, смета дека вчерашниот напад би можел да биде предвесник на нови насилства.

    „Најголем дел од ујгурските милитанти со децении оперираат во пограничните региони на Пакистан и Авганистан. Ако тврдењето на ИСИС е точно, кинеските грижи околу тероризмот во Авганистам ќе се зголемат“, вели Кугелман.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира